На 31-годишна возраст Каролина Куркова веќе е ветеранка во манекенството, но сè уште работи и во интервју за The Edit збoрува за мајчинстовото, за кариерата, успехот во периодот пред социјалните мрежи и за тоа што значи да се позира пред камера, но и даде негативен коментар за денешните супермодели, алудирајќи и на Џиџи Хадид и Кендал Џенер кои од мали богаташки станаа големи имиња на модната сцена. Чешката супермоделка фотосесијата за новото издание на The Edit ја сработи три месеци по раѓањето на своето второ дете, фотографиите ги направи Фани Латур-Ламберт, а стилистката Трејси Тејлор избра дизајни од Изабел Марант, „Гучи“, Темперли и „Миу Миу“.
Каролина позира опкружена со чевли и чанти, додека за онлајн-магазинот на Net-a-Porter отворено зборува за манекенството со кое се занимава скоро половина од својот живот и вели дека терминот супермодел е претерано костистен. „Супермодел не значи ништо. Тоа е чуден збор. Повеќе сакам луѓето да кажат дека сум кул, вреден работник, или дека сум добра личност. Тоа се поголеми комплименти од супермодел. Супермодел е само една титула“.
Манекенката исто така го критизира подемот на моделите кои се актуелни поради социјалните мрежи. „Кога јас почнував со манекенство немаше социјални медиуми, јас не доаѓаав од богато семејство и немав познат дечко – мојата работа зборуваше за мене. Мило ми е што е така, бидејќи научив дисциплина, посветеност и трпение, и поради тоа сум доста приземјена личност. Сега толку лесно можете да станете познати и тоа е опасно. Може да добијат два милиони следбеници, да се нарекуваат модели или стилисти, иако никогаш не биле обучени, не рабоеле со никого, никогаш за нешто не се жртвувале“, смета Каролина за брзиот успех на моделите како Кендал Џенер и Џиџи Хадид, но нагласува дека никогаш не би се натпреварувала со новите девојки и дека е среќна што сè уште е активна.
Нема коментари