Магнетик ја започна 2018 година со ново заштитно лице – Каролина Гочева
Повеќе од 25 години групацијата на модни брендови Магнетик постои кај нас и ги претставува едни од најдобрите светски брендови кај нас: Weekend Max Mara, Marella, Max&Co, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Gerry Weber, Motivi, Oltre, Fiorella Rubino, Carpisa и Yamamay.
Како заштитно лице на Магнетик, музичката ѕвезда Каролина Гочева во првата фотосесија ги носи моделите на италијанскиот бренд Marella, дел од групацијата Max Mara. Фотографиите ги направи Јована Зука, во текот на месецот очекуваме повеќе од оваа соработка. Магнетик го најавуваат и првото модно видео за Marella кое исто се очекува да излезе овој месец.
Marella постои како дел од групацијата Магнетик повеќе од 11 години. Брендот нуди парчиња за жена која го има изградено својот стил, која е динамична, позитивна и посебна. Гламурозен, современ женски бренд кој го отсликува италијанскиот стил во буквална смисла.
Нема коментари