Манекенка, продуцентка, фотографка, авторка на книга и икона на францускиот стил, Каролин де Мегре сега го најавува својот нов проект – сајтот за животен стил CdMdiary, создаден во партнерство со модната куќа „Шанел“. Каролин сајтот го замисли како лајфстајл платформа која ќе го открива нејзиниот шик универзум, еден вид на виртуелен дневник за нештата што ја инспирираат и ѝ се допаѓаат од светот на модата, музиката, литературата… Сето тоа е поткрепено со интервјуа, модни совети и предлози на ресторани, барови и културни настани вредни да се посетат.
Нема коментари