Некаде помеѓу интензивните црвени и темно виолетовите бои на кармини и нежно розовите и беж нијанси се наоѓаат кармините во боја на праска како предлог за пролетен изглед кој повикува на свежина и будење на природата. Оваа боја го имитира изледот што нашето лице го добива после блесокот на првите сончеви зраци, давајќи му природен сјај со мала доза боја во која се мешаат корални и портокалови подтонови. Затоа кармините во боја на кајсија се идеален избор за овој период.
Некои од предлозите се Avon Smooth Minerals Lipstick – Аpricot Glow, Bourjois Rouge Edition Souffle de Velvet – VIPeach 03, Revlon Blasé Apricot, Tom Ford Boys & Girls – Nina 15, L’oreal Infallible – Always Apricot, Chanel Rouge Allure – 90 Pimpante, NYX Soft Matte Lip Cream – Buenos Aires, Oriflame Giordani – Tempting Coral.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари