Инспириран од гранџ-стилот од 90-тите години, New Metallics (новиот металик) е третиот тренд во промотивната кампања на брендот „Манго“ за сезоната пролет-лето 2016. Овој пат како заштитно лице се појавува американската манекенка Карли Клос. Со сребрен фустан на прерамки, кој е скроен во стилот на модата од 90-тите со современа нишка, таа го претставуваа металик-трендот.
Клос вели дека било забавно да се соработува со „Манго“ на нивната колекција инспирирана од рокот. Парчињата од линијата се смели и ја доловуваат енергијата од фотосесијата која се претворила во забава со танцување.
Кампањата е снимена минатиот месец во Лондон, а ќе биде промовирана во април. За шминката и фризурата на Карли се погрижија Миранда Џојс и Пол Ханлон.
По Tribal Spirit и Soft Minimal-трендовите, кои ги промовираа Кендал Џенер и Лиу Вен, „Манго“ се навраќа на гранџ стилот од 90-тие со New Metallics. Во колекцијата се застапени парчиња инспирирани од рокенролот како: мини-фустани, кратки јакни, џинс, чизми до глужд, патики и високи потпетици. Креациите се надополнети со сребреникави и металик елементи.
Нема коментари