Американскиот супермодел Карли Клос е новата девојка на козметичката куќа L’Oreal, со што на своето модно портофолио додаде уште еден вреден договор. Веста прво беше објавена на Инстаграм профилот на компанијата (@lorealparisfr) , по што беше реграмирана на профилот на манененката Лара Стоун. Од фотографијата која нуди прв поглед на рекламната кампања за линијата бои за коси Prodigy, гледаме дека Карли позира покрај колешките Лара Стоун и Лија Кебеде. Со ова Клос му се придружи на големото семејство од манекенки и актерки кои ги рекламираат производите на L’Oreal, како Клаудија Шифер, Мила Јововиќ, Џенифер Лопез, Линда Евангелиста, Дуцен Крос, Бијонсе, Летиција Каста, Енди Мекдауел…
Нема коментари