Манекенкатa Карли Клос позира во облека за вежбање како заштитно лице на новата колекција што дизајнерката Стела Макартни ја подготви за спортскиот гигант Adidas. Во кампањата за есен-зима 2016/17 таа ја покажува својата атлетска страна преку динамични пози кои рекреираат разни дисциплини како јога и трчање. Колекцијата Аdidas by Stella McCartney содржи разни видови на хеланки, шорцеви, јакни и патики за вежбање. „Чест ми е што сум заштитно лице на колекцијата. Двата иконски бренда континуирано ги поместуваат границите во модата, фитнесот и технологијата. Нивната соработка е совршен пресек на стил и функционалност, што резултира со колекција која ги охрабрува жените да се чувствуваат силни и самоуверени“, вели Клос.
Нема коментари