Една од најпознатите манекенки на денешницата Карли Клос додаде уште една ставка во своето резиме и отвори сопствен канал на You Tube наречен Klossy. Во првото постирано видео Карли зборува за својот живот, кој бил сосема обичен до нејзината 13-та година кога била откриена и ја започнува модната кариера. Од 2005 година царува на моднте писти и насловните страници, но признава дека манекенството не е нејзиниот еднинствен фокус. Почнува да се занизмава и со други работи, отвора свој бренд за колачи, се нарекува аматерски истражувач на кодови (што и да тоа значи), се запиша на студии на Њујоршкиот унверзитет.
-Голем дел од мојот живот го поминав пред фотоапарат, но не мојот апарат, затоа овој проект е поразличен. Постојат работи што се не сте ги виделе претходно, луди работи што се случуваат на снимање, оние визбудливи моменти пред да зачекорам на писта… Затоа сум многу возбудена што ќе ги споделам мојата приказна и оваа авантура со вас – вели Карли.
Нема коментари