Италијанскиот моден бренд Liu Jo ја откри кампањата за пролет-лето 2016 во која се појавуваат познатите манекенки Карли Клос и Џордан Дан и која е фотографирана од Крис Колс. Брендот што создава мода за современата жена во новата кампања наречена #ViceVersa преку динамични готографии претставува две спротистевни страни во облекувањето – кежуал и софистициран стил. Колекцијата содржи женствени и базични парчиња како шарени здолништа и фустани, килот-панталони, пеплум блузи, разни видови чанти и сандали, кои заедно даваат повеќе опции за креирање пролетната гардероба.
Нема коментари