Покрај ангажманите во „Шанел“, „Фенди“, како и брендот со неговото име, култниот Карл Лагерфелд ќе најде време да дизајнира и за „Луј Витон“ . Имено, тој е еден од шесте дизајнери што оваа модна куќа ги најми за создавање на специјална линија чанти, во чест на 160 години од основањето на „Луј Витон“ . Соработките меѓу модните куќи и разните дизајнери не е новина, но интересно е што во случајот „Луј Витон“, на чело со Никола Гескиер, го најми креативниот диектор на својот наголем конкурент на пазарот- „Шанел“.
Покрај Лагерфелд во проектот се вклучени и Марк Њусон, Френк Гери, Синди Шерман, Реи Кавакубо и Кристијан Лубутан. Тие ќе креираат рачни и патни торби со познатото лого на брендот. Моделите ќе се најдат во продажба до октомври, а цената ќе варира од 2.725 до 5.450 долари.
Нема коментари