Мисијата на Women in Tech Macedonia овој пат ја преточуваме во кариререн самит каде ќе ја поддржиме секоја индивидуа на својот пат кон личен и професионален развој и успех. Со почеток во 9:30 часот на 1ви јуни во просториите на Innox ќе се одржи кариерен самит и каде се поканети сите заинтересирани да слушнат неколку панели со клучни теми за успешно кариерно развивање, да извлечат знаење и искуства од истиот и секако можноста за вмрежување.
Почнувајќи од тоа како да се навигира професионалниот раст, што после студиите, како до професионално остварување, кои се позициите во ИТ организациите, како да се изгради и одржува личниот бренд и како да се одржува кариерниот прогрес, сите присутни ќе имаат можност да дознаат повеќе за наведените теми и да ги слушнат најважните совети и препораки на овие теми од професионалци во индустријата.
Настанот е од отворен карактер и сите заинтересирани може да се регистрираат на следниот линк:https://docs.google.com/…/1FAIpQLSe…/viewform.
За повеќе детали околу агендата следете не на нашите профили на социјалните мрежина Facebook, LinkedIn и Instagram.
Нема коментари