Миди здолниште, во кариран дезен, со карнер и со шлиц, е моделот кој е актуелен оваа сезона. Во црвена, црна или тегет варијанта, здолништата во gingham шара кои може да се најдат во понудата на омилените брендови „Манго“ и „Зара“ и чинат не повеќе од 2.000 денари. Овој модел е хит на социјалните мрежи и меѓу трендсетерките низа целиот свет, а може да се најде и кај нас. Коцкастиот кариран дезен, кој ќе го сретнете и под термините gingham и vichy е тренд сезонава, а пролет во лесно здолниште со ваков дезен е добитна комбинација. Најмногу се среќаваат моделите со благ преклоп и еден карнер, но ги и има во пократка верзија или со повеќе карнери. Еве една доза на стилска инспирација како да го комбинирате овој вид на здолниште.
1 коментар