Откако стана глобален моден директор на Harper’s Bazaar, славната уредничка и стилистка Карин Ројтфелд секоја нова сезона прави селекција на најважните парчиња и тенденции на модните дизајнери за тековнатата сезона. Овојпат во мартовското издание на британски Harper’s Bazaar прави избор од колекциите за пролет-лето 2014, модниот едиторијал го фотографира Карл Лагерфелд, а главни протагонистки се супермоделките Наоми Кембел, Роузи Хантингтон-Вајтли и Каролина Куркова. Тие позираат во новите креации на „Диор“, Живанши“, „Сен Лоран“, Проенза Скулер, „Луј Витон“, „Прада“ и Марк Џејкобс кои се стилистички интерпретирани од страна на Ројтфелд.
Нема коментари