Познатиот моден дизајнер и професор Јован Петровски, кој подолго време живее и работи во Бангкок, Тајланд, во рамките на Центарот за креативни курсеви „Kариера плус“ ќе одржи работилница за „бунка“ методот на драпирање и моделирање.
Преку овој метод студентите ќе научат да работат на кукла во три димензии. За време на овој 3D дизајн курс, тие ќе креираат и изработат ‘twisted’ тип на здолниште без странично порабување. Оваа техника е осмислена од Bunka Fashion College од Токио, на кој завршиле модни дизајнери како Yohji Yamamoto, Kenzo Takada, Junya Watanabe (Commes Des Garcons ). „Бунка“ техниката дава знаење за развој на иновативен и комплетен моден проект, користејќи го јапонскиот метод на драпирање со цел да се креираат експериментални 3D форми.
Курсот ќе се одржи на 20 и 21 јуни и предвидува 12 часа практична работа. Наменет е за модни дизајнери и студенти кои се заинтересирани за изучување на техника на дизајнирање користејќи 3D Draping со цел да креираат нови модели. Потребно е основно познавање на шиење и изработка на кроеви за да се посетува курсот.
Уписот е до 15 јуни, повеќе информации на следниов ЛИНК.
Нема коментари