Инди-рок пејачката Карен О од бендот Yeah Yeah Yeahs сними песна за пролетната кампања на Kenzo. Креативниот двоец на брендот, Умерто Леон и Керол Лим ја продолжија тенденцијата да ги промовираат новите колекции на несекојдневен начин, кој е поблизок до новите генерации и е лесен за споделување на социјалните мрежи, снимајќи 9-минутно видео. Филмот наречен Yo! My Saint е режиран од Ана Лили Амирпур, раскажува приказна за вљубен фотограф,( Алекс Џанг Унгаи) кој има две музи толкувани од Кико Мизухара и Џесика Хенвик (позната по улогата во Iron Fist). Во спотот кратко се појавува и Карен О, како асистентка на фотографот. Покрај нејзе, во позадина се слуша и вокалот на Мајкл Киванука. Актерите во спотот ги носат креациите од колекцијата пролет-лето 2018 на Kenzo, која беше претставена со ревија во Париз пред неколку месеци.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари