Минатиот октомври медиумите информираа за престојот на Кара Делевињ во Бразил и фотографирањето во фавелите на Рио де Женеиро, а еве го резултатот од фотосесијата – една од најактуелните манекенки во моментов во моден едиторијал и насловна страница за февруарскиот број на бразилски Vogue. Кара позира во микс на висока мода интерпретирана преку уличен стил, како позадина служат уличките на фавелата Санта Марта, на една фотографија е заедно со бразилскиот фанк-бенд „Ос Лелкес“, а фотографиите на Жак Декер, исто како и модните комбинации, изобилуваат со флуоресцентни нијанси.
Нема коментари