Британскиот модел Кара Делевињ позира во новите креации од колекцијата пролет-лето 2015 на брендот за секојдневна урбана мода „Топшоп“. Моделите се во стилот на 70-тите, кој манекенката одлично го доловува на фотографиите. Покрај кроевите на облека, и модните додатоци се во духот на хипи-модата: чевли со висока платформа, комбинезони, кожени јакни и елечиња и цветни блузи. Фотографиите ги сними Алистер Меклелан.
Нема коментари