Британската манекенка Кара Делевињ очигледно е фан на караокето. По низата јавни настапи на кои на плејбек, со мимики, пее познати поп и кантри песни, за LOVE magazine сними видео на кое ја изведува нумерата Control Myself од 2006 година на Џенифер Лопез и ЛЛ Кул Џеј. Видеото наречен Caraoke, за кусо време стана хит на интернет. На него Кара, носи зелена перика и мантил за на дожд, амбиентот е во стилот на јапонска видеоигра. Креативен директор на проектот е Кејти Гранд, моден уредник-Фиби Арнолд, дизајнер на сетот е Дејвид Вајт, фотографиите ги сними Лиз Колинс, продукцијата ја направи Чарли Брирли.
Нема коментари