Информацијата дека Кара Делевињ ја напуштила својата модна агенција Storm е потврдена со отстранувањето на нејзиното портфолио од интернет страницата, со што е сè пизвесно дека таа го напушта манекенството токму во моментот кога се наоѓа на врвот. Британката Кара сака да се изгради во сериозна актерка и затоаѝ е поважно да биде претставувана од актерски менаџер, а не од модна агенција. Откако во 2012 година се појави во споредна улога во „Ана Карењина“, се заинтересира за актерството, па глуми во Tulip Fever, London Fields, Paper Towns, Kids In Love и Pan, а го снима Suicide Squad. Домашната публика од 23 јули може да ја гледа во Paper Towns („Градови од хартија“).
Се претпоставува дека Делевиљ нема комплетно да го напушти манекенството, ќе селектира ревии на кои ќе се појавува и ангажмани во рекламни кампањи и едиторијали. Сè уште е заштитно лице на козметичката колекција на „Ив Сен Лоран“, а заедно со Кејт Мос ги рекламираат парфемот My Burberry и есенската колекција на „Манго“.
Нема коментари