Во чест на 15-годишнината од лансирањето на популарната маскара со ефект на зголемени или вештачки трепки, Luxurious Mascara, брендот „Ив Сен Лоран“ деновиве одржа коктел во лондонската стоковна куќа „Селфриџис“. Промотерка на настанот беше моделот и актерка Кара Делевињ, која се појави во елегантна црна комбинација. На промоцијата присуствуваа и бројни лондонски трендсетери и славни личности, како и офицојалните лица од брендот. По повод јубилејот беа лансирани и седум нови нијанси на маскари, кои ќе бидат достапни ексклузивно во „Селфриџис“ од 28 јануари. YSL Beauté ја креира маскарата Luxurious Mascara за ефект на вештачки трепки во 2000 година.
Нема коментари