Сивиот капут со розова шара со потпис на Dries van Noten беше едно од најзастапените модни парчиња во уличната мода за време на модните недели во Копенхаген, Лондон и Париз. Бројни тендсетерки, меѓу кои и Каролин Браш Нилсен ја носеа оваа креација од колекцијата пролет-лето 2016 на белгискиот дизајнер. Најчесто капутот го комбинираа со фармерки – како што беше и претсавен на модната писта. Се покажа како едно од најлесните и најпрактични модели за комбинирање, кое истовремено е удобно и трендовско. Покрај актуелните каро шара и должина, капутот има и трендовски вез и тоа во хит бојата на оваа сезона- розовата.
Нема коментари