Како вистинска модна епидемија еден капут на модниот бренд „Зара“ како да го има насекаде. Со шра во тегет и бела боја, со средна должина и отворено напред во стилот на шанел-сако, ова палтенце се забележува скоро насекаде, а голем дел од жените се одлучиле токму за овој модел… Ова го уочила и лондончанката Алис Френсис која на еден настан видела жена облечена во „Зара“ капутот, а подоцна почнала да го забележува насекаде околу неа. На својот блог ја документирала оваа модна опсервација. „Палтото го носат жените низ целиот Лондон. Како да се во некој таен клуб. Штом еднаш ќе го забележите, ќе почнете да го гледате насекаде – како седи до вас во метро, како купува сендвич, седи на истата маса со вас на свадба…“
Алис и нејзината сестра Емили потоа одлучиле да отворат посебен Инстаграм профил, наречен That Coat, каде ќе се документираат жените облечени во популарниот капут. Прво почнале сами да фотографираат, па пријателките почнале да им праќаат нивни фотографии, а секој може да им испрати нивнафотографија. До овој момент на That Coat има 177 постови, а капутот веќе добива култен статус, па фановите испаќаат и цртежи и мафини со мотив на моделот. Се чини дека оваа креација е популарна кај различни жени, со различен стил, на различна возраст и со различни конфекциски величини.
1 коментар