Данската стилистка, блогерка и ѕвезда на уличната мода Пернил Тaјсбек се здружи со данскиот бренд By Malene Birger и креира капсулна колекција која ексклузивно се продава на Net-a-Porter. Блогерката и брендот како два популарни дански модни производи и врвни имиња во сканднавската мода се покажаа податни за соработка, a Пербил дизајнира 10 парчиња кои се базираат на најпопуларните силуети на By Malene Birger. Креациите се во препознатлив минимализам карактеристичен за блорката и со елементи на опуштена елеганција.
„Избрав да ги обработам моите омилени стилови од постојните класични силуети на By Malene Birger, со повеќе фокус на минималистичко и безвременско чувство и разиграноста на контрастите помеѓу женственоста и мажественоста. На пример, стилизирав костим со широки рамења и машки крој со женствена блуза. Или предимензионирана кошула со свилено молив-здолниште“, изјави данската инфлуенсерка.
Во мини колекцијата таа претстави 10 парчиња со чие комбинирање се нуди комплетна гардероба за почетокот на новата пролетна сезона. Доминираат карираните модели, а има и бели сатенски фустани и меко плетиво.
„Сакам да комбинирам различни материјали во еден изглед, како дебел џемпер од кашмир облечен врз свилен фустан – двете парчиња заедно создаваат удобен и елегантен изглед кој понатаму може да се подигне со високи потпетици“, објаснува Пернил. За поинаков вечерен излед таа предлага костим наместо фустан. „Костимот со машки крој е извонредна алтернатива на сеприсутните party фустани. Додадете секси градник од тантела, високи потпетици и впечатливи обетки и ќе создадете многу секси вечерен изглед“, советува Пернил.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари