Популарните mule-влечки со панделка на Nº21 добија луксузна варијанта, наменета за похрабрите идни невести или за други свечености. Станува збор за капсулна колекција направена за продажба во Harrods. Покрај со панделката сандалите се украсени и со тока и кристали. Застапени се во неколку варијанти, со потпетици во повеќе висини. Избегната е класичната бела боја, а се понудени темносина, темнозелена, сребрена, зелена, жолта, светлосина розова и црна.
Нема коментари