Модниот бренд Зара од денеска ја нуди новата колекција креирана во соработка со манекенката Каја Гербер, ќерката на славната супермоделка Синди Крафорд, во која фокусот е на базични и класични модни парчиња реизмислени на современ начин. Колекцијата Kaia x Zara содржи 30-тина парчиња кои се основа за повеќе модни комбинации – миди здолниште со изрез околу половината, бела кошула но со прорез на задниот дел, класичен костум но со предимензиониран крој, асиметричен плетен џемпер, тексасна јакна која со поткусена должина, но и класичен беж и црн капут, кожен мантил, бели маици, слип-фустани, сакоа, фармерки, плетена ролка…
Оваа колекција настана од желбата да се креира удобна базична облека во неутрални тонови, но во поинаква интерпретација и понекогаш со невообичаени кроеви и модерни решенија. Бидејќи манекенка Каја често патува инспирација колекцијата е потребата да се има облека која е неопходна за пакување во куфер. Каја вели дека „себично сакала тоа да биде сѐ она што таа самата сака да го носи“. „Многу патувам, па се запрашав: Ако одам на патување кое трае месец или два, дали ќе имам сѐ што треба во оваа колекција?”. Манекенката вели дека колекцијата е инспирирана од нејзиниот сопствен стил, но и од влијанијата на модата од 90-тите.
Нема коментари