Раскошни вечерни тоалети и креации од последните колекции на висока мода на „Диор“, „Шанел“ и „Гучи“ продефилираа на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал, а познатите актерки и супермодели се појавија на повеќе филмски премиери и на забави огранизирани од големите модни брендови. Главни на канските проекции и забави беа Кејт Бланшет, Софија Копола, Марион Котијар, Чесика Частеин, како и Летиција Каста, Наташа Поли, Фрида Пинто, Лара Стоун, заштитни лица на козметичкиот гигант L’Oreal, еден од главните спонзори на фестивалот. Преку најдобрите комбинации од црвениот килим го прикажуваме шаренилото од фестивалот во Кан и подготвеноста да ѕвездите освен црно-бели комбинации да изберат боја на циклама, интензивно жолта нијанса, зелени тонови и сјајни ткаенини.
Нема коментари