Во диско-ритамот на нумерата You Make Me Feel (Mighty Real) на соул-иконата од 70-тите години Силвестер, дизајнерското дуо Питер Пилото и Кристофер де Вос го промовираат видеото од кампањата пролет-лето 2014. Колоритните игриви креации ги носат моделите Џордан Дан, Џесика Стам, Јуми Ламберт и Даниела Брага. Фотографиите со психоделичен абиент, ги сними Крег Мекдин. Лондонската модна етикета „Питер Пилото“ неодамна ја доби престижната награда од Британскиот моден совет во соработка со магазинот Vogue.
Нема коментари