Нежен моден танц меѓу балетската елеганција, машките кроеви, ретро мотивите и рок-стилот се дел од новата кампања нашпанскиот high street бренд „Зара“ за пролет-лето 2017. Црно-белите кадри го сними славниот њујоршки фотограф Стивен Мајзел, кој одлично ја доловил намерата на креативниот тим на „Зара“ да се фокусира на формите и дизајнот. Застапени се свилени слип фустани комбинирани со кратки јакни, парка со нагласен волумен споен со елегатна креација, коженијакни, долги капути со машки крој, меки и топлиплетива, лежерни цветни модели за топлите денови, предимензионални спорски парчиња и балетанки.
Нема коментари