Ешли Греам, една од најпознатите манекенки за облека со поголеми величини, и 56-годишната Никола Грифин се ѕвезди на новата кампања на костими за капење на брендот Swimsuitsforall со која се слават сите облици на тело и сите возрасти. Брендот чие име во превод значи „костими за капење за сите“, во кампањата го користи и #MySwimBody со порака дека секој заслужува да носи бикини и модерни костими. Во кампањата покрај Ешли и Никола се појавуваат и олимпијката Аманда Бингсон, моделката и активистка Филомена Квао и фотографката Џесика Лавој. Тие облечени во различни модели на костими за капење покажуваат дека убавите жени доаѓа во повеќе од една величина.
Нема коментари