Познати дизајнери, стилисти и модели се заштитни лица на новата кампања за есен 2016 на брендот за луксузен накит „Сваровски“. Проектот наречен Brilliant Inspiration го фотографира Тим Вокер, а ги обедини дел од најретивните личности во модата во моментов. Покрај американската манекенка Карли Клос, која е амбасадорка на овој бренд, дел од оваа кампања се дизајнерите: Џејсон Ву, Мери Катранзу, Лора и Кејт Маливи од Rodarte, Шарлот Олимпија и Том Браун, стилистот Едвард Енинфул и мејкап-артиската Исамаја Френч. Секој од нив позира со своето омилено парче од „Сваровски“.
Нема коментари