Осум познати дами од областа на филмот, модата, музиката и науката се дел од новата кампања на компанијата Marks & Spencer. Новите креации на модната куќа ги носат успешни претставнички повеќе генерации: Ени Ленокс, Ема Томпсон, Рита Ора, Алек Вик, Дорин Лоренс, Лулу Кенеди, Рејчел Ко и Рома Агравал. Како и претходната сезона, фотографиите ги направи Ени Лејбовиц.
-Ова е прва ваква кампања во која учествувам, но кој би одолеал да не биде дел од толку добра екипа-изјави Ленокс.
Извршниот директор на Marks & Spencer, Патрик Буске Чаван вели дека кампањата наречена Leading Ladies ќе содржи четири фотографии со листа на познати и успешни жени-лидери од повеќе области,
-Нашата пролетна кампања ги слави стилот и успесите . Овие динамични жени-лидерки ги претставуваат уникатни и различни жени на модерна Британија. Тие се обединети во своите големи достигнувања… Marks & Spencer е демократски бренд, кој кој е наменет за жени од сите возрасти и различни професии. Се гордееме што собравме ваква фасцинантна група на жени, ова кампања е олицетворение на вистинскиот британски стил, квалитет, различност и успех -вели тој.
Нема коментари