Легендарната манекенка Кристи Тарлингтон и нејзните помлади колешки Лија Кебеде и Тони Гарн позираат во новата, добротворна кампања на скандинавскиот бренд Lindex. Моделите не се ангажирани само заради нивниот добар изглед, туку и поради нивната ангажираност во филантропски организации за заштита на жените. Кристи ја основа невладината Every Mother Counts, Лија е дел од Foundation and Plan International, аТони - Because I am a Girl. На фотографијата носат бели маички по кратки ракави со напис #super role model. Парчињата ќе се продаваат во салоните на Lindex, почнувајќи од 18 март, а профитот ќе биде дониран во секоја од овие организации за помош на жените.
Нема коментари