Дизајнерскиот двоец Доменико Долче и Стефано Габана ја продолжуваат италијанската тема и во рекламната кампања за колекцијата за есен-зима 2016/17, снимена на улиците со калдрма во Неапол. Покрај манекенките Бјанка Балти, и неколку машки и женски модели, се појавуваат и локални ликови. Новата кампања има два нови момента – наместо моден фотограф Долче и Габана го ангажираа фоторепортерот Франко Паџети кој во кариерата повеќе фотографирал воени конфликти отколку манекенки. Друга работа што ја забележаа модните познавачи е што иако се рекламира новата колекција на Долче и Габана, намерно или случајно фатени се неколку ликови со дизајни од други креатори – на пример едно момче носи чанта од Армани и патики од „Адидас“, а жена е забележана во марама од „Луј Витон“ и сина чанта од “Живанши“, што е малку невообичаено да се промовираат други брендови во сосптвената кампања. (К.Т.)
Нема коментари