Модната куќа „Диор“ ја објави новата рекламна кампања за есен-зима 2015/16 што ја потпишуваат креативниот директор Раф Симонс и фотографот Вили Вандерпер. Снимена на карпи во родниот град на Кристијан Диор, Гранвил, кампањата е инспирирана токму од животот на големиот француски дизајнер. „Како дете сакав да седам на карпите, дури и кога времето беше лошо“, пишува Кристијан Диор во својата автобиографија. Во кампањата се ангажирани манекенките Џулија Нобис, Натали Вестлинг и Мика Арганараз кои позираат во крзнени и парчиња со графички шари, а акцент е ставен на високите чизми и на моделот на чанта So Real.
Нема коментари