Келвин Клајн повторно привлекува внимание со своја рекламна кампања, новата #mycalvins кампања беше објавена денес на социјалните мрежи. Сега на постоечките заштитни лица на брендот Кендал Џенер и Џастин Бибер им се придружуваат серија на млади интернационални ѕвезди од различни артистички домени, како Кендрик Ламар, FKA twigs и Fatty Wap, кои ќе донесат автентична врска со младата публика дел од милениумската генерацијата која е активна на социјалните мрежи. Во кампањата за пролет-лето 2016 се појавуваат рапери, манекенките Саскија де Брау и Аби Ли Кершоу, данската актерка Клара Кристин, лица забележани на улица, активисти и улични уметници. Фотографиите се на Тајрон Лебон. „Оваа кампања е репрезент за тоа како културата се развива додека зборуваме. Направивме мешавина од различни провокатори со уникатен колектив на визуелни уметници за да креират содржина што пулсира и мотивира културен разговор“, велат од Келвин Клајн.
Нема коментари