Покрај тоа што снима филмови, холивудската актерка Камерон Дијаз се вклучи во неколку проекти од областа на животниот стил, ја издаде „Книга за телото“ во која зборува за фитнес, начин на исхарана и нега на телото, а отка0ко минатото лето стана креативен директор на PLV Studio, дизајнираше колекција чевли за подбрендот на компанијата Pour La Victoire. Моделите од колекцијата наменети за сезоната зима 2014/15 беа обелоденети токму денес.
Камерон признава дека работата како креативен директор на еден моден бренд е предизвикувачка и толку многу поразлична од актерството, бара поголем ангажман и вели дека морала да ги научи правилата и ритамот на модниот бизнис. „И во филмскиот бизнис работите се движат брзо, навикнати сме на тоа темпо. Но, во модата има предесенски колекции, ресорт-колекции, празнични колекии, толку многу мини колекции кои што треба да се направат. Не можам толку многу да го следам темпото на работа, бидејќи модата не е мојот „јазик“. Но, се обидувам да научам“, вели Камерон за нејзината нова дизајнерска авантура.
Идејата на актерката е да развие линија на чевли кои се со едноставен, но префинет изглед. Додека ги развивала прототипите заедно со извршниот директор на PLV Studio, Дејвид Џордано, одлучиле да се отфрлат модели со многу детали, реси и нитни, и да се фокусираат на елегантни и скоро минималистички чевли.
Актерката го стави својот печат на поголем дел од линијата, а крајниот резултат е збирка од шик, женствени чевли со малку авангарден стил. Секако дека се чувствува нејзиниот стил, на пример, нејзина е идејата да се намали потпетицата за неколку сантиметри кај некои моделите, како и предлозите во однос на боите. Нејзиниот сексапил се чувствува во моделите со посекси изглед и со тенки ременчиња околу глуждот. Компанијата што го лансира брендот Pour La Victoire смета дека соработката со Дијаз ќе донесе успех и одлична продажба, бидејќи актерката не е само американска миленичка, таа е и една од најинтересните модни икони на денешницата.
Дијаз се надева дека девојките ќе сакаат да ги купат чевлите од вистински причини. „Не сакам девојките да се стремат да бидат како мене. Тоа не е она што овој бренд го застапува. Целта не е да ги носат чевлите што јас би ги носела, туку да се пронајдат себеси во овие чевли.“
Нема коментари