Викторија Бекам уште чека Ана Винтур да ја стави на насловната на американски Vogue (ако може Ким Кардашијан, зошто да не може Викторија која сепак се издигна во успешна и ценета модна дизајнерка, нели?). Но уредничката на британското издание на магазинот, Александра Шулман, веќе неколку пати ѝ ја доделува корицата, а еве ја и августовската насловна страница. Всушност, направени се две различни насловни, едната веројатно наменета за претплатиците на Vogue. Фотографиите се на Патрик Демаршелие, објавена е и фотографија од внатрешниот едиторијал од која се наѕира рустикален изглед снимен во некое британско село, a Бекам носи модели од „Прада“ и од „Шанел“.
Нема коментари