Клаудија Шифер, Надја Оерман, Стефани Сејмур, Линда Евангелиста и Наоми Кембел заедно позираат на насловната страница на Vogue Јапонија, за септемврскиот број со кој се одбележуваат 15 години од постоењто на јапонското издание на легендарниот магазин. Покрај оригиналните супермодели, уредниците за насловната на расклопување ги ангажираа и топ моделите од 90-тите години Керолин Марфи, Ева Херцигова, Џенвјев Ван Синус и Меги Рајзер, како и манекенките што се актуелна во новата деценија – Саскија де Брау, Тао Окомото, Малгосија Бела, Маријакарла Босконе и Наташа Поли. Фотосесијата е работена под мотото „Совршени икони“, а фотографиите се дело на Luigi & Iango.
Нема коментари