На почетокот на годината беше најавено дека 46-годишната Стефани Сејмур, една од оригиналните супермоделки од 90-тите, ќе биде ново заштитно лице на козметичкиот бренд Estèe Lauder, а еве ја и првата рекламна кампања. Моделката позира на црно-бела фотографија со која се промовира анти-ејџ линијата Re-Nutriv. „Стефани е ултимативна модерна икона на убавината. Убава и успешна во модата и во животот, јас сум воодушевена и и’ посакувам добредојде во Estèe Lauder“, изјави Џејн Херцмарк Худис, глобален претседател за брендот во соопштение до јавноста.
Нема коментари