Поп ѕвездата Ријана покажува поинаква стилска страна инспирирана од гранџот од 90-тите години на новата насловна страница на авангардното списание i-D за пред-пролет 2015. Пејачката носи плетенки и големи обетки во вид на обрач на фотографијата направена од Паоло Роверси, а една плетенка ѝ го покрива десното око, во стилот на сите насловни на i-D на кои моделите намигаат или го сокриваат едното око. Новиот број на списанието е посветен на музиката, а Ријана во однос на музиката најавува нов албум и замислете песна со Пол Макартни и Канје Вест.
Нема коментари