„Најдобар изглед досега“, пиша Ана Дело Русо на својот блог за изгледот на Ријана во модел на KTZ
Полуларната Ријана минатиот викенд присуствуваше на музичкиот фестивал „Коачела“, по што медиумите се распишаа „дали шмрка кокаин на скандалозното видео или не“, но од моден аспект е интересно што во последиот ден се појави во креација на KTZ, брендот зад кој стојат македонскиот дизајнер Марјан Пејоски и Сашо Безовски. Креацијата од хеланки и наметка со принт инспириран од Навахо индијанците е дел од последната колекција на KTZ прикажана на Њујоршката модна недела во февруари. Во модел на KTZ се појави и новата музичка миленичка со впечатлив моден стил FKA twigs настапи на сцената на фестивалот облечена во бел кафтан опточен со златен вез, исто така дело на брендот. (К.Т.)
Нема коментари