Американскиот дизајнер Том Форд ги ангажира манекенките Дафне Гроневелд и Бинкс Волтон за новата промотивна кампања за колекцијата пролет-лето 2015. Рекламата ја фотографираа Инез ван Ламсверде и Винод Матадин, а стајлингот го направи познатата Карин Ројтфелд која за Бинкс избра металик-фустан со сандали на платформи, а Дафне ја облече во ѕвонести фармерки. Игледот на манекенките е финиширан во рокенрол стил со разбушавени фризури и со глам-рок шминка.
Нема коментари