Талентираната актерка Натали Портман вчера се појави на црвениот килим на Берлинскиот филмски фестивал облечена во креација од „Диор“ и потсети на ненаметливиот стил на филмската легенда Одри Хепберн. Натали носеше нежно розов фустан со едноставен крој кој потсетува на 50-тите и е украсен со светкавави пулејки во предниот дел, дополнето со златни сандали, минимилистичка шминка и софистицирана фризура. Актерката подолго соработува со француска модна куќа „Диор“, учествува во рекламните кампањи на одредени производи, а неодамна се појави во новото видео за парфемот Miss Dior.
Нема коментари