Познатата српска уметница со светска слава Марина Абрамович подготви уште еден модно-уметничко-политички проект креиран со украинското издание на Vogue, а кој ќе биде посветен на актуелната политичка ситуација во таа држава. Се работи за жесток фотопроект со политички подконтекст преку кој сака да ја подигне свесноста за проблемите во Украина. Марина се појавува на насловната страница на августовскиот број на магазинот кој е посветен на уметноста, позира заедно со манекенката Кристал Рен, а носи креации со комунистички симболи од украинската дизајнерка Јулија Јефимичук. Фотографијата за насловната ја направи српскиот фотограф Душан Рељин.
Нема коментари