Супермоделката Лија Кебеде по потекло е од Етиопија е фотографирана во креација од последната колекција на висока мода на „Диор“ на насловната страница на мајскиот број на Vogue Paris. Лија со ова е првата манекенка со црн тен што ја краси наслованата на француското издание на Vogue во последните пет години со тоа повторно ја поттикнува горчливата тема за разновидноста во модата. Фотографијата ја направи дуото Инез ван Ламсверде и Винод Матадин. Манекенката која што се бави со дизајн и филантропија последен пат на насловната на Vogue Paris беше во мај 2002 година, а покрај тоа што црномурестите супермодели мошне често се појавуваат во модните едиторијали на познатите списанија, многу ретко добиваат насловни.
Нема коментари