Манекенката Лара Стоун е заштитно лице на женската верзија на парфемот Eros на „Версаче“ кој е лансиран две години по машката. Лара позира како античка божица покрај луксузното златно шишенце на парфемот украсено со имиџ на медуза, заштитен знак на модната куќа, а облечена е во бел драпиран фустан со златни акценти. Парфемот е цветен букет од божур, јасмин и лимон, а рекламната кампања ја сними фотографскиот тандем Мерт и Маркус.
Нема коментари