Модната икона Кејт Мос прослави јубилеј од 25 години во модата на коктел забава во еден лондонски ресторан и во таа чест ја ласира линијата на чаши за шампањ наречена 34 Kate Moss Coupe, а кои се моделирани според обликот на нејзината лева града. За да ги пробаат новите чаши што ги дизајнираше уметницата Џејн Мекадам Фројд, Кејт ги собра своите пријатели во ресторанот „34“, а меѓу гостите беа Рита Ора, Сејди Фрост, уредничката на британски Vogue Александра Шулман и сопственикот на брендот Topshop Филип Грин.
Нема коментари