Британскиот AnOther Magazine знае дека никогаш не е доста од Кејт Мос и и’ го посвети целото издание за есен-зима 2014 преку неколку модни едиторијали и дури четири насловни страници направени со различен стајлинг. Фотографиите ги направија четворица различни автори, Крег Мекдин, Вили Вандерпер, Колиер Шор и Алистер Меклелан. „Секоја приказна е метаморфоза – таа се „раствора“ и трансформира пред објективот на фотографот, како инкарнација на совршена соработка помеѓу фотограф, стилист и модел“, пишува во уводникот на магазинот. Со ова AnOther Magazine, модната публикација што изглегува двапати годишно, ќе означи десет години од првата насловна на Кејт Мос на нивните страници.
Нема коментари