Насловната страница на февруарскиот број на британски Vogue ѝ е доделена на британската манекенка со црн тен Џордан Дан, со што за првпат по 12 години на корицата сама е црномуреста моделка. Магазинот претходно бирал модели од друга раса, но само како дел од групна фотографија, а последен пат кога сама црморуста маненка позирала на насловната на ова издание на Vogue e во 2012 година кога беше ангажирана Наоми Кембел. Џордан беше на насловна на британски Voguи во 2008 година, но со групна фотографија со повеќе модели. За февруарскиот број Џордан е фотографирана од страна на Патрик Демаршелие, стилист е Кејт Фелан која за насловната избра фустан од пролетната колекција на „Прада“. Модниот свет го поздравува овој потфат и сугерира разновидност во инсустријата и ангажманот на Азијатки, цромурести и модели со различен тен од белиот да стане правило, а не исклучок.
Нема коментари