Во јануари 2000 година дизајнерот Горан Пејкоски, дипломец Универзитетот во Утрехт, се претставува на Париската недела на висока мода, станувајќи првиот македонски, веројтно и првиот регионален кутуриер. Неколку публикации тогаш пишуваа за македонскиот дизајнер и го прогласија за едно од новите имиња на високата мода, а Кристијан Лакроа во еден напис за француски Elle изрази одушевување на работата на Пејкоски. Спој на модерното и фолклорот, тешко е да се најдат материјали за оваа колекција на дизајнерот, она што го објавуваме на Stylist.mk е позајмено од еден мој постар текст за „Теа Модерна“, па поради тоа е со послаб квалитет.
Пејкоски многу кратко креираше под сопствено име, имаше работни ангажмани во различни престижни модни куќи, како „Ланвин“, Мартин Марџела, Revillon во времето кога за брендот креаираше Рик Овенс, Филип Лим, а од 2013 година е главен дизајнер на женската колекција на британскиот бренд All Saints.
Деновиве српскиот дизајнер Ѕвонко Марковиќ се претстави со колекција на висока мода во Париз, најчесто најавуван како првиот од регионот со претставување на престижната париска модна недела, иако весниикот „Политика“ уредно забележуава дека не е првиот, туку еден од малубројните дизајнери од овој дел на Европа кои имале прилика да ја прикажаат својата работа на најзначајната модна манифестација. Македонскиот дизајнер Пејковски тоа го направи пред 15 години.
Нема коментари